Свет
Почина легендарната Тина Тарнер
25.05.2023 10:10
На 83-годишна возраст, по долго боледување, почина американската пејачка Тина Тарнер. Таа најпрво се прослави, настапувајќи со поранешниот сопруг Ајк...

На 83-годишна возраст, по долго боледување, почина американската пејачка Тина Тарнер. Таа најпрво се прослави, настапувајќи со поранешниот сопруг Ајк. Незапирливата пејачка и танчарка, накратко и актерка, е родена како Ана Меј Булок во Тенеси.
Последните години од животот ги помина на својот имот на езерото Цирих, во Швајцарија. Пејачката продаде повеќе од 150 милиони копии од своите плочи, освои 12 „Греми“ и беше примена во Рокенрол куќата на славните во 1991-ва година.
