Кој против кого?
Голема е веројатноста да се гледа ракометно Куп финале Металург-Вардар, со сиот респект кон ½ финалните спаринг партнери, струмички Зомимак и скопски Тинекс Пролет. Струмичани ќе одиграат годинава репризно ланско финале, во ½ финалниот натпревар број еден во завршницата на Купот, против Металург. Пролет пак, со Вардар ќе ги одмери силите. Така си извлекоа сами претставниците на учесниците во Куп преснетките, по правилникотн според Бергер кое вели, бројот еден во случајов Металург игра со бројот три Зомимак, два со четири, или Пролет-Вардар.

Во отсуство на најдобро рангираниот македонски судиски двоец, Начевски/Николов кои ќе го судат финалето на ЕХФ Купот, на располагање ќе бидат двојките меѓу делителите на правдата Митревски/Тодоровски и Колевски/Кркачев со меѓународен префикс. Како трета опција се и Ќаев/Ќаев кои поради квалитативните стандарди кои треба да се исполнат отпаѓаат од можност да го судат финалето.
Технички организатор на Купот кој патем ќе се случува во Охрид викендов е матичната ракометна куќа, а задолжени за сликата и тонот оттаму националниот сервис.