Иран
Претставена нова балистичка ракета со голем дострел
25.05.2023 11:35
Иран ја претстави четвртата генерација балистичка ракета „Кеибар“, со дострел од 2.000 километри...

Иран ја претстави четвртата генерација балистичка ракета „Кеибар“, со дострел од 2.000 километри, која може да носи боева глава од 1.500 килограми.
Иран ја проширил својата ракетна програма, особено кога станува збор за балистички ракети, и покрај противењето на Америка и загриженоста на европските земји. Иранските власти рекоа дека оваа програма е „чисто одбранбена“ и служи за одвраќање на странските сили.
