Австралија

Гори седумкатница во Сиднеј, стотици евакуирани

25.05.2023 11:37

Голем пожар во центарот на Сиднеј, целиот град е во чад, а околните улици се затворени...

Голем пожар во центарот на Сиднеј, целиот град е во чад, а околните улици се затворени. Како што јавија австралиските медиуми, пожарот започнал на седумкатница во Сари Хилс, во строгиот центар на градот.

Стотици луѓе беа евакуирани, а фасадата на зградата се сруши на тротоарот. Медиумите во живо го пренесуваа гаснењето на пожарот во Сиднеј. Пожарот избувнал на третиот кат од зградата и се проширил на целата зграда.