Казни за 110 фирми кои ги прекршиле мерките за замрзнати цени
Државниот пазарен инспекторат по одлуките донесени од владата кои се однесуваат на замрзнување на цените извршил над 170 надзори и се издадени 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1.150.000 денари...

Државниот пазарен инспекторат по одлуките донесени од владата кои се однесуваат на замрзнување на цените извршил над 170 надзори и се издадени 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1.150.000 денари. Од државниот пазарен инспекторат велат дека сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекршочните платни налози или да си го остварат своето право, доколку имаат забелешка во судска постапка.
Инспекторите, коишто констатирале прекршок кај економските субјекти, ќе се појавуваат на судските рочишта и ќе ги застапуваат и бранат законите по коишто ги констатирале прекршоците.
Исто така, од Државниот пазарен соопштуваат дека во периодот од 15-ти до 21-ви мај годинава се извршени и други над 600 надзори. Констатирани неправилности, за што се издадени над 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 илјади денари. Државниот пазарен инспекторат е и понатаму на терен, постапува во согласност со своите надлежности, врши редовни и вонредни надзори и контроли.
