Научна конференција на УГД „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“
Делата на Ацо Шопов се постојана инспирација за научно истражување на славистите кои денес и утре учествуваат на научна конференција на Филолошкиот факултет во Штип. Универзитетот „Гоце Делчев“ планира Филолошкиот факултет да го носи името на Шопов, еден од основоположниците на современата македонска книжевност...

Меѓународна научна конференција на Филолошкиот факултет на УГД по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов. Се презентираат научни трудови на домашни, но и слависти од Франција, Канада и Русија. Делата на Шопов се препеани на германски, турски, француски, англиски и руски јазик и секоја негова песна е инспирација за славистите.
Во чест на Шопов, еден од основоположниците на современата македонска книжевност, Универзитетот планира Филолошкиот факултет да го носи неговото име
Ацо Шопов бил академик, поет, преведувач, автор на првата поетска збирка „Песни“ на македонски јазик објавена во слободна Македонија, претседател на Друштвото на писатели и прв претседател на советот на Струшките вечери на поезијата.
Славица Величковска
