инфраструктура

Ковачевски очекува поддршка во Собранието за усвојување на законските измени за коридорите 8 и 10д

25.05.2023 14:25

Премиерот Ковачевски очекува поддршка во Собранието за усвојување на законските измени за коридорите. Вели важно е усогласување на регулативата за побрзо, поевтино и поефикасно градење на автопатите. Антикорупционерите велат дека Владата не им го доставила целосниот договор со „Бехтел и Енка“. Ќе бараат со допис да им се појасни што содржат прилозите од договорот...

Премиерот Ковачевски очекува поддршка во Собранието за усвојување на измените од сетот закони за изградба на коридорите 8 и 10-д. Порача дека станува збор за важно усогласување на регулативата со цел побрзо, поевтино и поефикасно градење на автопатите.

Премиерот соопшти дека договорот потпишан со конзорциумот „Бехтел и Енка“ е доставен до сите кои работат на негова реализација, но и до Обвинителството, Собранието и до Антикорупциската комисија. Првата антикорупционерка Ивановска вели сè што е поврзано со надзорот, законите, лиценците, трасата и експропријацијата е распоредено на работа кај колегите, но потврдува дека Владата не им го испратила целосниот договор.

Од Антикорупциска ќе бараат со допис Владата да појасни што содржат прилозите од договорот, затоа што како што наведоа – не се запознаени со нивната содржина.

 

Анита Димитријевска Велковска