МВР

Спасовски: Преземени се мерки по пријавата за нарушување на безбедноста во Општина Арачиново

25.05.2023 14:53

МВР добило пријава од градоначалникот на Арачиново за нарушување на безбедноста во општината, потврди министерот за внатрешни работи Спасовски...

МВР добило пријава од градоначалникот на Арачиново за нарушување на безбедноста во општината, потврди министерот за внатрешни работи Спасовски.

Според првиот човек на полицијата, веќе се преземаат мерки согласно насоките што ги дало Јавното обвинителство и ќе бидат поднесени пријави против лицата коишто го нарушувале редот во општината.

Спасовски сепак истакна дека сите работи што се случуваат во Арачиново се работи што треба меѓусебно да си ги расчистуваат, особено во коишто се инволвирани лица од иста политичка припадност. Градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими пријави дека добил смртни закани од жители на општината поради предмет за користење на земјиште, поради што општината од денеска е затворена за работа со граѓаните.