Прилеп: Земјоделците не се безбедни
Едукација, совесност и спроведување на терен на Законот за безбедност при работа се најбитни за македонскиот земјоделец да биде безбеден при работата во полето и во стопанствата. Во Прилеп дводневен семинар за заштита на здравјето и безбедност при работењето на пелагониските земјоделци…

Лани 22-јца земјоделци загинале при земјоделски работи, во 2020 година 21 земјоделец се повредил во Прилепско. Сиромашните земји, меѓу кои и Македонија плаќаат 4 насто од БДП за повредите на работниците.
Едукација на земјоделците токму од продавачите на механизација и земјоделските аптеки, обуки во земјоделските училишта, а и од Сојузите на земјоделците, се предлозите за да се заштитат производителите при работата во полето и во стопанствата.
Државните институции да излезат на терен и да се спроведува Законот за заштита при работа.
Во Македонија се преку 40.000 семејства кои се занимаваат со земјоделство.
Елизабета Митреска
