Пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања околу предлог измените на законот за стратешки интерес
Собранието денеска ја продолжи 115-тата пленарна седница на која на дневен ред се 30-тина точки. Меѓу нив се и законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10-д...

Во речиси празна собраниска сала се дискутираше за Предлог измените на Законот за стратешки интерес. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања. ВМРО-ДПМНЕ со став дека пратениците на власта сами си го нарушуваат сопствениот интегритет со поддршка на употребата на европското знаменце за пакетот закони за коридорите 8 и 10 Д, а се во интерес на врвот на власта предводена, од како што велат тие вицепремиерот Груби. Додаваат дека за овој случај ќе следи одговорност и казна кога ќе дојде до промена на власта.
Социјалдемократите со обвинување за градежните инвестиции од времето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Амандман од опозицијата кој се однесува на објавување на Договорот со Бехтел и Енка во Службен весник беше одбиен од владејачкото мнозинство.
Марина Стојанова Тонева
