Филозофија и филм

Денеска и утре ќе се одржи Втората меѓународна конференција

25.05.2023 15:41

„ Филозофија и филм“ во рамките на Филозофскиот филмски фестивал. Конференцијата ќе може да се следи и онлајн. Ќе учествуваат 24 интернационални истражувачи на филмот и филозофијата, меѓу кои Дејвид Стерит и Луси Болтон...

„ Филозофија и филм“ во рамките на Филозофскиот филмски фестивал. Конференцијата ќе може да се следи и онлајн. Ќе учествуваат 24 интернационални истражувачи на филмот и филозофијата, меѓу кои Дејвид Стерит и Луси Болтон.

Конференцијата е интегрален дел на фестивалот. Главната програма ќе се одржи од 2 до 9 јуни во Кинотеката на Северна Македонија. Годинава во фокусот на фестивалот е Годар и е посветен на творештвото на овој великан.

Наредната година ќе излезе Зборник со текстови од Конференцијата.