Временска прогноза

Претпладне сончево, од пладне нестабилно со врнежи од дожд

26.05.2023 07:58

Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 15, а максималните ќе достигнат од 20 до 27 степени...

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 15, а максималните ќе достигнат од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на град.

Минималните температури ќе се спуштат до 13, а максималните ќе достигнат до 26 степени.