Стандарден избор на Ковач

14.05.2014 15:37

Некое изненадување, многу млади лица, пет играчи од домашното првенство, но генерално стандардна дружина од 30-мина избра селекторот Нико Ковач за подготовките на Хрватска за настапот на Светско првенство во Бразил. Кормиларот на Хрватска нема да експериментира со фудбалерите коишто се основа на репрезентацијата подолго време, но и покрај тоа, неговиот избор покрена реакции кај хрватската јавност.

„Знам дека има незадоволни, но ние мораме да одбереме 30 играчи. И јас не бев на Светското во 98-ма, па потоа играв на неколку големи натпреварувања“, објасни Ковач кој се реши трет голман да биде младиот Зеленика, а за нападот да конкурира и Самир кој ја крена формата по напуштањето на Динамо. Плетикоса, Срна, Стриниќ, Чорлука,, Модриќ, Ракитиќ, Вукојевиќ, Крањчар, Манџукиќ, Олиќ, Едуардо, Јелавиќ, Перишиќ – тоа е рбетот на тимот којшто мундијалскиот настап ќе го почне против домаќинот Бразил на отворањето на 12. јуни во Сао Паоло. Хрватите се во група и со Камерун и со Мексико.