Македонија

„ЕУ со ТЕБЕ“ во Крушево

26.05.2023 09:20

Целта на овие посети, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапни преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневието на граѓаните...

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Крушево. Ова е седма од серијата општински посети по отворањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ во јули 2022 година.

Целта на овие посети, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапни преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневието на граѓаните.

За време на престојот во Крушево, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации.