Нови напади на Киев
Властите во главниот град на Украина известија дека утринава градот повторно бил под закана од руски ракетни напади...

Властите во главниот град на Украина известија дека утринава градот повторно бил под закана од руски ракетни напади. Советникот на украинскиот претседател вели дека претстојната контраофанзива на Киев ќе вклучи „десетици различни акции“ за уништување на руските сили. Зеленски се заблагодари за размената на украински војници.
„Вративме уште 106 наши војници од руско заробеништво – тие се бореа во секторот Бахмут. Многу е важно што воопшто немаше информации за многу од овие 106 лица. – се сметаа за исчезнати. Но ги најдовме, ги вративме дома“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Украинските вооружени сили тврдат дека вчера уништиле руски воен брод во пристаништето Бердјанск. Пристаништето, неодамна беше потресено од серија силни експлозии.
