Култура

Објавен конкурсот за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ 2023

26.05.2023 10:25

Наградата е востановена за да се направи вреднување на преведувачката продукција во Македонија и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето во нашиот културен простор...

Книжевниот центар „Антолог“ го отвори конкурсот за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ 2023 година. Наградата е востановена за да се направи вреднување на преведувачката продукција во Македонија и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето во нашиот културен простор.

Во конкуренција влегуваат книги објавени во периодот 1 јули 2022 и 30 јуни 2023 година. Се доделува за превод на прозни, поетски и драмски дела. Објавените книги мора да бидат преведени од оригинален јазик, а може да се конкурира со дела преведени од „живи“ автори и од класични јазици. Конкурсот е отворен до 30 јуни 2023 година.