Тестиран Ф1 мегафонот
Како што беше најавено на вториот ден од тестовите во Шпанија, на болидот на Мерцедес беше тестиран новиот систем за засилување на звукот на В6 моторите.Инжинерите на водечкиот тим во шампионатот на крајот на издувниот систем го надоградија додатокот кој потсетува на труба или мегафон и има за цел да го засили звукот на излезот што поради вградената турбина беше многу тивок. Нико Росберг првите неколку часа на својот болид ја имаше новата надградба со мегафонскиот издув, но според најавите истиот нема да го користи во продолжението на тестовите.

Како што беше најавено на вториот ден од тестовите во Шпанија, на болидот на Мерцедес беше тестиран новиот систем за засилување на звукот на В6 моторите.Инжинерите на водечкиот тим во шампионатот на крајот на издувниот систем го надоградија додатокот кој потсетува на труба или мегафон и има за цел да го засили звукот на излезот што поради вградената турбина беше многу тивок. Нико Росберг првите неколку часа на својот болид ја имаше новата надградба со мегафонскиот издув, но според најавите истиот нема да го користи во продолжението на тестовите. Иако од Мерцедес се согласија да го тестираат новиот издув, сепак уште по најавите за негово имплементирање токму од Мерцедес стигнаа изјавите дека тоа не е најповолното решение за засилување на звукот и дека така конципираниот издув може негативно да влијае на аеродинамиката.
