Србија

Илјадници луѓе се упатија кон Белград на собирот на Српската напредна странка

26.05.2023 13:39

На митингот посветен на иднината на земјата ќе се обрати претседателот Вучиќ со пораки за иднината и развојот на државата...

Илјадници луѓе се упатија кон Белград на собирот на Српската напредна странка насловен како „Србија на надежта“. На митингот посветен на иднината на земјата ќе се обрати претседателот Вучиќ со пораки за иднината и развојот на државата.

Организираниот собир се смета за контрамитинг на протестите против насилство, на кои во неколку наврати граѓаните излегоа на улица.

Опозицијата, која утре има свој протест тврди дека вработените во јавните претпријатија се под притисок да присуствуваат на собирот во Белград.