Јужна Кореја

Уапсен патник кој ја отворил вратата на авион за време на лет во Јужна Кореја

26.05.2023 13:40

Драма на лет до Јужна Кореја. Авион на „Азијана ерлајнс“ безбедно слета во јужнокорејскиот град Даегу, откако вратата од воздухопловот ја отворил патник непосредно пред слетувањето...

Драма на лет до Јужна Кореја. Авион на „Азијана ерлајнс“ безбедно слета во јужнокорејскиот град Даегу, откако вратата од воздухопловот ја отворил патник непосредно пред слетувањето.

Во инцидентот нема повредени, но некои патници се пренесени во болница поради шок и проблеми со дишењето. Уапсен е 30 годишен маж кој ја отворил вратата, а полицијата го истражува инцидентот.