Хантер Бајден ангажиран од украинска компанија за гас
14.05.2014 16:14
Хантер Бајден, помладиот син на американскиот потпретседател Џо Бајден, е ангажиран во Украинската компанија за експлоатација на природен гас „Бурисма“ како нов член на нејзиниот Одбор на директори и прв човек на правното одделение на компанијата, соопштија од компанијата.

„Бурисма“, компанија формирана на Кипар, за себе тврди дека е еден од најголемите производители на природен гас во полињата во Украина, вклучително и во некои од областите како Доњецк, кои неодамна и откажаа послушност на Владата во Киев.
Хантер Бајден е најмладиот син на потпретседателот Џо Бајден и во минатото работел во министерството за трговија на САД, во Одборот на директори на американската државна железничка компанија „Амтрак“, како и за повеќе големи адвокатски фирми во Вашингтон и Њујорк.
Потпретседателот Бајден беше директно вклучен во преговорите за справување со политичката криза која изби во Украина откако поранешниот претседател Виктор Јанукович одби да потпише договор за интеграција со Европската Унија и место тоа потпиша договор со Русија.