Прекугранична соработка

Крушево – Мека за параглајдеристите

26.05.2023 14:38

Крушево и Елбасан од Албанија денеска на полетувалиштето на Мечкин камен го презентираа проектот за прекугранична соработка, вреден околу 740.000 евра. Еден е од најуспешните проекти од ИПА 3 програмата и го развива туризмот...

Со обновено полетувалиште за параглајдеристите на Мечкин камен, со паркинг простор и нови можности за развој на туризмот Крушево и Елбасан од Албанија го презентираа проектот за признаената туристичка прекугранична соработка. Проектот е еден од најуспешните од ИПА три програмата.

Годинава Крушево има 7 меѓународни првенства и едно светско во змејарство. Параглајдеристите од целиот свет веќе ги прелетуваат пространствата

„Доаѓам со мои пријатели од Австралија. Првпат сум тука и се е прекрасно. Следниот месец ќе дојде група од осум члена и ќе организираме редовна тура од Австралија во Крушево. Барем по шестчлена, па и до 15 секоја година“, рече Грег Кетланд, Бризбејн Австралија.

Проектот за прекугранична соработка на Крушево со Елбасан се заокружува за една година.

 

 

Елизабета Митреска