собрание

Пратенички прашања во Собранието и гласање за Предлог-законите за изградба на коридорите

26.05.2023 14:40

Во Собранието, гласање за Предлог-законите потребни за изградба на коридорите 8 и 10-д. Опозицијата обвинува за криминал. „Против“ и дел од владините партнери. На пленарка, пратенички прашања...

На пленарката за пратенички прашања, тензично и високи тонови. Од говорницата неизбежна тема за договорот со „Бехтел и Енка“ и коридорите 8 и 10д. Но со нив и обвинувања на различни теми.

Барање за коментар за пресудата на Стразбур за отштета која државата треба да ја плати на тужител за нарушени човекови права. Секој со своите аргументи за случувањата на 27 април.

Повисоката цена на струјата е удар за граѓаните, вели опозицијата. Граѓаните ќе пропаднат во поголема економска криза. Сметаат дека не треба да се покачува ДДВ-то за 8 насто. На пратеничките прашања и низа процедурални забелешки. Власта и опозицијата си наоѓаа забелешки за сè што беше кажано од собраниската говорница.

 

Миле Ристески