Гостивар

Гостивар ги санира штетите од вчерашното невреме

26.05.2023 14:45

Невремето со пороен дожд и град во Гостивар, вчера предизвика излевање на поголема количина на вода од канали за наводнува и шахти...

Невремето со пороен дожд и град во Гостивар, вчера предизвика излевање на поголема количина на вода од канали за наводнува и шахти. Поплавата предизвика и штети на повеќе домови во гостиварското село Беловиште, а под вода беа и гостиварските населби Бањешница и Циглана.

Денеска состојбата е стабилизирана, водата е повлечена.

Жителите од јужниот дел од градот, како и од селото Беловиште ги бројат штетите.

До поплавувањето велат, дошло откако се излеала вода од канал за наводнување, но и од шахтите кои нередовно се чистат.

На терен со испумпување на водата, вчера интервенираа екипи на ЦУК, како и противпожарната единица. Обилните врнежи, предизвикале и помали одрони на земјиште, кои исто така со помош на механизација биле санирани.