Обвинение и продолжен притвор за Ставриќ

14.05.2014 16:17

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд за офталмологот Дејан Ставриќ, како и предлог за продолжување на мерката притвор.

Предлогот според обвинителството се однесува на кривично дело награда за противзаконско влијание.

Ставриќ беше приведен по пријава на пациент, кому лекарот додека бил вработен на клиниката за очни болести во скопје, му дијагностицирал болест, па му кажал дека со таква дијагноза може да добие инвалидска пензија.

За да се стекне со право на инвалидска пензија лекарот од пациентот , наводно побарал 2.000 евра, кои му биле исплатени во угостителски локал во непосредна близина на меѓуградската автобуска станица во Скопје.