Косово

Тензии на северот на Косово, Вучиќ повика на борбена готовност

26.05.2023 15:41

Припадници на косовската полиција ги опколија зградите на општините Зубин поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се огласија сирените за тревога. Тревога се огласи и во северна Митровица...

Припадници на косовската полиција ги опколија зградите на општините Зубин поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се огласија сирените за тревога. Тревога се огласи и во северна Митровица. Во Звечани е фрлена шок бомба врз насобраните, а се слушаат и рафални истрели.

Од едната страна на улицата до општинската зграда во Лепосавиќ, поставен е камион како пречка. Забележани се и оклопно возило на косовската полиција и едно за кршење барикади.

Српскиот претседател, Вучиќ, нареди зголемена борбена готовност.