Собранието ги изгласа законските измени за автопатите од коридорите 8 и 10 д
Собранието го усвои сетот законски измени поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 Д. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласаше против. Против гласаа и дел од коалициските партнери. Топката сега е префрлена кај претседателот Пендаровски...

Собранието го усвои сетот законски измени поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 Д. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласаше против.
Координаторот Мицевски рече дека најголемиот проект на Владата е исполнет со сомнежи за криминал со народни пари. Против гласаа и дел од коалициските партнери. Незадоволни од законските решенија со кои, како што велат, се узурпираат правата на граѓаните. Сепак, како што рече Балковски од ВМРО-НАРОДНА, засега нема излегување од коалицијата.
Гласањето за законите се одржа на паузата од пленарката за пратенички прашања и таму во фокусот се најде и договорот со „Бехтел и Енка“. Опозицијата обвини за тежок криминал, премиерот Ковачевски негираше и возврати – претходните проекти со кои се фалеше ВМРО-ДПМНЕ не се реализирани.
Топката сега е префрлена кај претседателот Пендаровски. Од ВМРО ДПМНЕ претходно го повикаа да го одржи зборот и да не го потпише указот на законските измени. Од Кабинетот на шефот на државата, велат дека ќе ги анализираат законите, па ќе биде донесена конечна одлука.
Анита Димитријевска Велковска
