ЕХФ привремено го суспендираше Драган Начевски
Европската куќа на ракометот (ЕХФ) привремено го суспендираше Драган Начевски кој раководеше со судиската комисија, поради сè уште непотврдени информации за наводна вмешаност во нелегални активности поврзани со местење натпревари

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) привремено го суспендираше Драган Начевски кој раководеше со судиската комисија, поради сè уште непотврдени информации за наводна вмешаност во нелегални активности поврзани со местење натпревари. До ЕХФ била доставена документација со видео и аудиоснимки од состанок на Начевски со бизнисмен кој тврдел дека може да донесе кинески тим во СЕХА лигата. На истиот состанок се споменува и договор за местење резултати.
Во своето соопштение ЕХФ наведува дека Начевски директно одбил нешто такво, но се потенцира дека не се дистанцирал доволно. Суспензијата е со цел да се зачува интегритетот на спортот додека се разгледаат доказите.
