Работната група ја усвои Предлог-иницијативата за измена на Уставот
Маратонска средба на работната група за уставните измени. По неколку часа заседавање, едногласно донесена одлука за усвојување на иницијативата за промена на највисокиот правен акт. Предложено во преамбулата да влезат Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите, Египќаните. На потег е Собранието...

Работната група за уставни измени со консензус го донесе предлогот за пристапување кон измена на Уставот. Ќе се интервенира во преамбулата и во уште два члена. Во преамбулата ќе се вметнат и делови на бугарскиот народ, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и еѓипќанскиот народ.
Промени се предлагаат во делот на дијаспората и кај составот на Комитетот за односи меѓу заедниците кој сега ќе брои 43 членови. Цаца – Николовска рече дека предлогот се праќа во Министерството за правда и потоа во Владата.
Цаца Николовска посочи дека работата на работната група се одвивала во рамките на мандатот на владата и заклучоците на ЕУ за преговарачката рамка.
Таа очекува пратениците во конструктивна дебата да го отворат уставот и да се подготват во собраниска процедура предлог-амандманите.
Игор Панов
