Вучиќ: Ова е последна вечер што се обраќам како претседател на СНС
Заврши собирот на поддржувачите на Вучиќ во Белград, насловен – Србија на надежта. По 11 години на чело на партијата, Вучиќ од пред Народното собрание изјави дека ова е последна вечер што се обраќа како претседател на Српската напредна партија, и дека од утре ќе биде претседател на сите граѓани...

Заврши собирот на поддржувачите на Вучиќ во Белград, насловен – Србија на надежта. По 11 години на чело на партијата, Вучиќ од пред Народното собрание изјави дека ова е последна вечер што се обраќа како претседател на Српската напредна партија, и дека од утре ќе биде претседател на сите граѓани. Во својот говор ја повика опозицијата на разговор, но рече дека нема да има преодна Влада. Власта ќе се бира на избори и со народна волја-истакна Вучиќ.
Најави формирање на движење за народот и за државата, а како столб на сето тоа, ја повика да биде српската напредна партија. На митингот дојдоа негови приврзаници, кои освен од сите делови на Србија, пристигнаа и од Македонија, Косово и од Босна и Херцеговина. Организираниот собир се смета за контрамитинг на протестите против насилството, на кои во неколку наврати, илјадници граѓани излегоа на улица.
Опозицијата тврди дека вработените во јавните претпријатија се под притисок да присуствуваат на собирот во Белград. За Србија заминаа и наши граѓани.
