ЕБОР: Украинската криза нема да влијае врз македонската економија
Поради странските инвестиции и за разлика од другите земји во регионот, Македонија нема да претрпи речиси никакви последици од украинската криза во однос на проектиранит раст на БДП за 2014-та, пишува во најновиот, денешен извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Во извештајот на ЕБОР се предвидува раст на Бруто Домашниот Производ(БДП) од 3 насто во 2014 и во наредниот период годинава, при што Банката не очекува промени споредено со претходниот извештај.

Поради странските инвестиции и за разлика од другите земји во регионот, Македонија нема да претрпи речиси никакви последици од украинската криза во однос на проектиранит раст на БДП за 2014-та, пишува во најновиот, денешен извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Во извештајот на ЕБОР се предвидува раст на Бруто Домашниот Производ(БДП) од 3 насто во 2014 и во наредниот период годинава, при што Банката не очекува промени споредено со претходниот извештај. Прогнозата на ЕБОР предвидува соодветна финансиска несигурност во Југоисточна Европа, како и во земјите-соседи на Украина, но и на Русија поради економските санкции на ЕУ и САД. Сепак, во делот за Македонија ЕБОР и натаму го третира растот на БДП како највисок годинава во регионот заедно со Црна Гора од 3 насто, по Косово, 3,5 проценти. Во објаснувањето за стабилноста и развојот на македонската економија, ЕБОР посочува на зголемените странски инвестиции во 2013 во земјава кои ќе донесат уште поголеми позитивни резултати наредните години, пишува во извештајот, кадешто исто така се нагласува и реформираната бизнис клима . За наредната година, Банката предвидува мало забавување на БДП, за Македонија тоа изнесува половина процент во однос на 2014-та со континуиран раст на економијата Во извештајот на ЕБОР пишува и дека санкциите на ЕУ и САД наметнати врз руската економија и банките, како и врз руски граѓани ќе го зголеми растот на земји од Еврооната, особено на соседите на Украина и на Русија. Ова се однесува и на Турција.
Зоран Богатинов
