Култура
Отворена манифестацијата „Крушево град на културата за 2023“
27.05.2023 10:14
Со најава за 60-тина културни и туристички, бројни приказни за историјата и традицијата, симболично пред Македониумот, Крушево и официјално ја отвори манифестацијата „Град на културата за 2023“ …
Историско и туристичко Крушево годинава е град на културата. Со приказната за големиот македонски уметник Никола Мартиноски и симболично пред Македониумот беше означен почетокот на манифестацијата која ќе понуди 60-тина културни и туристички настани, кои му го потврдуваат мотото – жив споменик на културата.
Крушевчани се горди на наследството и очекуваат голем број посетители, особено што е прагот на летната туристичка сезона.
Крушево има многу приказни да им ги раскажува на посетителите. За традицијата, културата, историјата.
Елизабета Митреска
