Голем интерес за предавањата за вселената на професорот Василковски од Бостонскиот универзитет
Професорот од Бостонскиот универзитет, Златко Василковски, родум од Велес, при неговиот престој во Македонија одржа предавања за вселената во Скопје и Велес, кои наидоа на голем интерес. Василковски е автор на првата книга за космологија на македонски јазик, издадена пред една година и досега отпечатена во три изданија…

Голем интерес за предавањата на проф. д-р Златко Василковски од Бостонскиот универзитет по вештачка интелигенција на магистерските студии, кои ги одржа во Скопје и родниот Велес, за време на неговиот двонеделен престој Македонија.
Предавања ги наполнија салите и предизвикаа силен интерес кај присутните, во Скопје во Скопското астрономско друштво, а второто пред учениците од велешката Гимназија „Кочо Рацин“, каде го заврши средното образование.
Василковски вели дека е пријатно изненаден од предзнаењата и поставените прашања кои оставаат клучни дилеми. Тој е доктор на науки и автор на книгата „Мултиверзум за почетници“, прво дело за космологијата и астрономијата на македонски јазик. Таа доживеа три изданија и се продала досега во 700 примероци. Ја издаде издавачката куќа „Арс либрис“ и во еден период беше најпродавана во земјава, од стручната литература.
Тој подготвува нова книга, таа ќе биде на тема за квантната механика и вештачката интелигенција.
Петар Печков
