Македонија

Дигиталниот речник овозможува чување и унапредување на македонскиот јазик

27.05.2023 11:44

Јазикот е жива материја, а дигиталниот речник треба постојано да се унапредува. Дигитализацијата е начин да се зачува јазикот, но потребен е сеопфатен пристап од науката, литературата и уметноста, вели авторот на Дигиталниот речник на македонски јазик…

Дигиталниот речник е начин да се бориме за зачувување на јазикот, вели Шинаси Деребеј, основач на Дигиталниот речник на македонски јазик, штипјанец кој живее во Германија, со богата кариера во информатиката и компјутерската лингвистика.

Тој е идеен творец на Дигиталниот речник на македонски јазик, проект кој го реализира со професори од УГД. Речникот има над два милиони посетители од цел свет, посебно од дијаспората.

Јазикот мора да се надоградува и осовременува, вели Деребеј.

Дигиталниот речник е отворен за вклучување на нови зборови од речникот на македонски јазик од Блаже Конески и Толковниот речник издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Славица Величковска