Украина: Русија се подготвува да симулира инцидент во Запорожје
Генералниот директорат за разузнавање на украинското Министерство за одбрана посочи дека руските сили наскоро ќе ја гранатираат централата, а потоа ќе објават дека има истекување на радијација...

Според украинското Министерство за одбрана, Русија подготвува симулација на сериозен инцидент во нуклеарната централа Запорожје. Објектот кој е најголемиот од ваков тип во Европа, е под контрола на проруските сили.
Генералниот директорат за разузнавање на украинското Министерство за одбрана посочи дека руските сили наскоро ќе ја гранатираат централата, а потоа ќе објават дека има истекување на радијација. Ова би предизвикало меѓународна истрага за време на која ќе престанат сите непријателства.
Во меѓувреме, продолжуваат борбите во Доњецк. Киев ја обвини Москва за напад врз клиника во кој има жртви.
