Свет
Утре во Турција втор круг претседателски избори
27.05.2023 13:04
Според анкетите, Ердоган е во благо водство...

Утре во Турција се одржува вториот круг од претседателските избори. Гласачите решаваат меѓу актуелниот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот политички противник, Кемал Киличдароглу. Според анкетите, Ердоган е во благо водство.
Во првиот круг пред две седмици, Ердоган освои 49,52 отсто од гласовите и за половина процентен поен по речиси две децении на власт не избори победа во првиот изборен круг, за што му беа потребни 50 отсто плус еден глас. Киличдароглу освои 44,88 отсто, а третиот кандидат Синан Оган 5,3 отсто од гласовите.
Во првиот круг не излегоа да гласаат околу осум милиони гласачи.
