Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување подготвена го чека летото и опасноста од пожарите

27.05.2023 13:29

Со осум дежурни екипи во осум региони и ер-тракторите од кои два се на поправка, Дирекцијата за заштита и спасување смета дека подготвена го чека летото и опасноста од пожарите…

Дирекцијата за заштита и спасување подготвена го чека летото и потенцијалната опасност од пожари. Тие изминати години направија штета и по економијата и по животната средина, уништувајќи големи површини под шума. Шумите во Беровско, околината на езеро Младост, беа опустошени од огнот. Дирекцијата за годинава, подготвила дежурни екипи, а двата ер-трактори се на поправка во Хрватска.

Во рамките на овие подготовки за справување со елементарни непогоди, во Велес се одржа показна вежба. Темата беше последици по земјотрес. Планирани се осум вежби во исто толку градови. Во Велес беше четвртата и учествуваа припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, на Здружението за спасување во вода, волонтери на Црвен крст, пожарникари, итната помош, полицијата. Освен од Велес имаше учесници и од Гевгелија.

Беа изведени неколку вежби, спасување на повреден од мостот, спасување на повреден преку река, гасење на опожарено возило. Вежбата беше оцената за успешна.

Петар Печков