Отворена првата хибридна оперативна сала на Кардиохирургија, донација од Јапонија
Отворена првата хибридна оперативна сала на Кардиохирургија. Ќе се прават од наједноставни до најсложени операции со помош на најнови методи. Ќе се прави и долгорочна вонтелесна поддршка на срцето и белите дробови. Донација е од Јапонската амбасада…

Отворена хибридна оперативна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Според директорот на клиниката, д-р Сашко Јовев, сите пациенти кои имаат тешки кардиоваскуларни болести, во иднина наместо да одат во странство ќе можат да се лекуваат тука. Ќе се изведуваат од наједноставни до најсложени операции со помош на најнови методи. Ќе се прави и долгорочна вонтелесна поддршка на срцето и белите дробови.
Опремата во хибридната оперативна сала е донација е од Јапонската амбасада. Од 1996 година досега поддржани се 177 проекти во областа на здравството, образованието, животната средина.
Имаме можност да направиме голем исчекор во следењето на медицинските трендови. Ништо нема да нè поколеба да останеме посветени и да вложуваме во најсовремени услови за вложување, велат од Владата.
Сузана Трајковска
