„Топката“ е кај Српскиот синод!
Со литургија започна Српскиот црковен сабор. Во работниот дел од утре ќе се разгледува и писмото на македонските владици испратено до нивните српски собраќа...

Раката е подадена, но топката е кај српскиот синод велат познавачите на црковните прилики во Србија. Аналитичарот Живица Туциќ за МТВ вели дека добро е што потекна иницијатива Вранишковски да биде ослободен од затвор- како знак на добра воља, но клучот на решението за афктокефална МПЦ, според него е делумно во Белград. Вели главниот збор го има Цариград.
„Ако сега се направи една по поволна клима, тогаш би можело до 2016-та на сеправославниот собор нешто да се направи. Но се плашам дека поради украина да не се заострат состојбите во православието“, вели Живица Туциќ, верски аналитичар.
И во Црквата на Вранишковски се чини го менуваат тонот. Давид Нинов, член српскиот сабор, вели дека условот е слобода за владиката, продолжеток на разговороте со СПЦ, но дека прашањето треба да се реши.
„Мислам дека е време за дијалог, за конечно надминување на овој проблем за сите едно да бидеме“, вели Давид Нинов – ПОА.
Во скопска апелација не се одржа рочиштето за случајот расколник каде вранишковски е обвинет за перење на 240.000 евра.
„Тој ми кажа дека не се чувствува виновен и дека не е подготвен да бара милост- тој бара правда“, изјави Александар Тортевски, адвокат.
Од денеска почнува Саборот на Српската православна црква...Во следните две недели на дневен ред ќебиде и спорот со МПЦ. Македонските владици се во очекување на позитивен одговор дека разговорите може да продолжат по 12 години молк.
Миле А. Ристески
