Македонија

Општина Тетово јавните претпријатија ќе ги менаџира со приватен партнер

27.05.2023 15:06

Општинските власти планираат сите јавни претпријатија кои сега се под капата на Општина Тетово да ги менаџира приватен партнер. Целта е како што велат, поуспешно менаџирање со влез на приватен капитал. Сега сите јавни претпријатија се на стаклени нозе, а платите на вработените се ниски и доцнат со месеци…

И за јавното претпријатие „Градски паркинг-Тетово“ ќе се бара приватен партнер. На јавна дебата беше презентирана Физибилити студијата за јавно-приватно партнерство. Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, посочи дека ваквиот модел, ќе придонесе за поуспешно функционирање, подобра услуга кон граѓаните, како и редовни и повисоки плати за вработените.

И за ЈКП Тетово во делот на менаџирање со сметот, се бара приватен партнер, како и за јавното осветлување.

Со јавните-приватни партнерства, во никој случај нема да има откази на вработените, напротив тие ќе земаат редовни и повисоки плати, додаваат локалните власти.

Зоран Димовски