Србија

Милош Вучевиќ избран за нов претседател на Српската напредна партија

27.05.2023 17:53

Вучевиќ вети дека политиката на СНС нема да се менува, и истата ќе биде мотор за развојот на Србија.

Во период на политички превирања, претседателот на Србија и лидер на владејачката Српска напредна странка, Александар Вучиќ, поднесе оставка од својата партиска функција.

На партискиот состанок во Крагуевац, за наследник на Вучиќ е избран Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија.

Вучевиќ вети дека политиката на СНС нема да се менува, и истата ќе биде мотор за развојот на Србија.

Нашата политика нема да се промени. Остануваме партија која е мотор на развојот на нашата татковина, но и партија која ги чува и негува традиционалните вредности на српскиот народ, на сите граѓани на Србија, рече Вучевиќ.

Тој посочи дека СНС ќе биде најсигурен партнер на претседателот на Србија Александар Вучиќ.