РК Еурофарм Пелистер е нов македонски ракометен шампион
Ракометарите не пропуштија пред полна сала уште еднаш да ги покажат своите вештини, талент и ракометно знаење кое со аплауз беше наградено од публиката која ја поздрави победата на домашниот тим од 35:26.

Пехарот на Македонската ракометна федерација по 18 години повторно е во Битола. Со победнички шпалир приреден од РК Тиквеш и со аплауз од генерацијата битолски ракометари кои пред 18 години беа македонски шампиони, во Битола беше прославена победата и првото место на РК Еурофарм Пелистер во годинешното ракометно првенство.
Ракометарите не пропуштија пред полна сала уште еднаш да ги покажат своите вештини, талент и ракометно знаење кое со аплауз беше наградено од публиката која ја поздрави победата на домашниот тим од 35:26. Најдобар впечаток оставија репрезентативците Костески и Атанасиевиќ во тимот на РК Еурофарм Пелистер и Петровиќ во тимот на РК Тиквеш.
Фото: Facebook/ RK Eurofarm Pelister
