Втор круг од претседателските избори во Турција
Во последните денови од кампањата, ривалските страни се обидоа да ги убедат гласачите кои не излегоа во првиот круг да го остварат своето право во денешниот. За нов лидер се гласа на 192 места. Право на глас имаат над 64 милиони граѓани.

Втор круг претседателски избори во Турција. Битката за челната позиција на државата се води меѓу Ердоган и Киличдароглу. Исходот од овој круг ќе значи или петти мандат за актуелниот претседател или нова шанса за неговиот опонент кој ветува враќање на демократијата. Во последните денови од кампањата, ривалските страни се обидоа да ги убедат гласачите кои не излегоа во првиот круг да го остварат своето право во денешниот. За нов лидер се гласа на 192 места. Право на глас имаат над 64 милиони граѓани.
„Сакаме поголема демократија, поразумен режим од економски и други аспекти, некој кој нема да го дели општеството. Ердоган не работи за да ја подобри земјата.“
„Изборите се важни, внимателно ќе го следам резултат бидејќи со нив ќе се реши како земјата ќе продолжи напред.“
Во првиот круг на избори кој се одржа на 14 мај пбеди актуелниот претседател Ердоган кој одвои 49,5 отсто од гласовите, додека Киличдароглу имаше речиси 45 отсто од гласовите.
