Изгоре педесетгодишна жена во пожар во Велес
Во пожар во семејниот дом изгоре 50 годишната велешанка Џева Османи.

Според очевидците пожарот избувнал одеднаш а поради болест настраданата која била сама во домот неможела да им избега на огнените јазици.
„Сакав да влезам внатре ама неможев да спасам , гледам некако огнот во мене скокна и почна да пука струјата“, рече Ријат Мемедов.
Куќата сеуште беше во пламен кога снигнаа пожарникарите, велат соседите, но многу неможеле да помогнат .
Семејството Османи живее во највисокиот дел од велешката населба Прцорек тука со возило не се стигнува, пожарникарите се обиделе пожарот да го гаснат со вода од градскиот водовод.
Која е причината за пожарот одговор ќе даде истаргата.
„Претпоставка е дека е од струјата пошто веќе на кумбиња не се гори завршена е грејната сезона“, рече Љубче Липидовски, командир на Противпожарната единица во Велес.
Во оваа населба, куќата на семејството Османи е втора која поради непристапниот терен и неможноста да се интервенира со противпожарно возило, изгоре до темел.
Дијана Иванова
