Сè повеќе ученици се вклучуваат во хуманитарни активности
Сè повеќе ученици се вклучуваат во хуманитарните активности на Црвениот крст Тетово. Од општинската организација на Црвениот крст, велат дека младите се иновативни и нивната емпатија кон другите со ваквите активности се зголемува, што е важен чекор за градење на здраво општество…

Реновирање на детското одделение при Клиничката болница Тетово, помош на социјални загрозени семејства, интеркултурни манифестации, се само дел од хуманитарните активности на Црвениот крст Тетово, чии проекти изминатиов период ги спроведоа средношколци и основци од Тетово.
Учениците се иновативни, средствата ги собираа преку работилници, изработка и продажба на летоци, но и донатори, велат од општинската организација.
Голем дел од активностите се дел од програмата „Промоција на хумани вредности“. Истата ќе продолжи со различни активности, особено со помош на ранливи категории граѓани и проекти каде ќе се промовира едно општество еднакво за сите.
Од Црвениот крст велат дека со ваквите активности, емпатијата на учениците кон другите се зголемува, што е важен чекор за градење на здраво општество.
Зоран Димовски
