Македонија

Електрични велосипеди-нова содржина за посетителите на Дојран

28.05.2023 12:08

Преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Дојран ова лето треба да бидат доставени 20 електрични велосипеди за организирање одредени вело-тури за посетителите. Целиот проект чини околу 80 илјади евра…

Во новата туристичка сезона гостите кои ќе го посетат Дојран ќе имаат можност да се рекреираат со електрични велосипеди. Центарот за развој на Југоисточниот плански регион склучи договор за набавка на 20 електрични велосипеди, станици за полнење, градски информативни ЛЦД табли, но и интернет. Целиот проект чини околу 80 илјади евра.

За претстојната сезона Дојран работи и на уредување на нова плажа кон македонско-грчката граница, во должина од приближно километар, а се уредуваат и постоечките во интерес на посетителите.

Инаку ова година во Дојран почна со работа и новото јавно локално претпријатие кое ќе биде задолжено за уредување на паркирањето, но и за организирање на туристички тури до сите културно-историски знаменитости во ова место.

Ване Трајков