Свет
Европските земји бараат Израел да го запре уривањето на палестински домови
28.05.2023 10:47
Заедничко соопштение објавија генералните козулати на Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Британија, Данска, Финска, Германија, Ирска и канцеларијата на ЕУ во овој регион.

Десет европски земји го повикаа Израел да запре со уривање на палестински домови и конфискација на имоти на Западен Брег. Според нив, неопходно е на хуманитарните организации да им се обезбеди непречен пристап.
Заедничко соопштение објавија генералните козулати на Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Британија, Данска, Финска, Германија, Ирска и канцеларијата на ЕУ во овој регион.
Израел ги урива домовите поради немање градежничка дозвола, особено во т.н. зона Ц, која е под контрола на нивната војска.
