Македонија

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 20%, СДСМ со 12,9%

28.05.2023 13:13

Од политичарите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има 13,5 насто доверба кај граѓаните додека премиерот Димитар Ковачевски, според истражувањето, има 5 насто доверба. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев има 3 проценти доверба, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, 2,3.

ВМРО-ДПМНЕ би победила на парламентарни избори доколку тие би се одржале следната недела, покажува телефонско истражување на Институтот за политички истражувања од Скопје. Опозицискта партија води пред СДСМ со 7 процентни поени.

Од политичарите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има 13,5 насто доверба кај граѓаните додека премиерот Димитар Ковачевски, според истражувањето, има 5 насто доверба. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев има 3 проценти доверба, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, 2,3.

Во албанскиот блок партии, најголема доверба ужива Али Ахмети со 6,6 насто, на второ место е Билал Касами со 2,2 проценти, на трето место е Арбен Таравари со 1,8 насто доверба.

Според истражувањето 39,7 насто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичар, а 18,3 не би гласале за ниедна партија.

Кога станува збор за договорот со „Бехтел и Енка“ повеќе од половина од испитаните Македонци, 53,3 проценти се против договорот во сегашната форма како што бил потпишан од владата, додека кај Албанците, 54,8 насто, се за овој договор во дадената форма. Вкупно, 45,1 отсто од испитаниците се против договорот, а 24,8 го поддржуваат. Слични се и процентите и на прашањето дали во договорот има корупција и дали тој треба да биде променет.

Истражувањето на Институтот за политички истражувања било правено меѓу 23-ти и 26-ти мај врз 1.112 полнолетни испитаници.