Партии

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ им е потребна нова лажна анкета за нова лажна надеж за Мицкоски

28.05.2023 14:48

Според партијата, анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатата годинс, ниту фактот дека Мицкоски нема став за ниту едно важно прашање.

На ВМРО-ДПМНЕ им е потребна нова лажна анкета за нова лажна надеж за Мицкоски, реагираат од СДСМ по најновата анкета на ИПИС.

Според партијата, анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатата годинс, ниту фактот дека Мицкоски нема став за ниту едно важно прашање.

Граѓаните знаат како се спроведуваат нарачаните анкети Исто како што знаат дека овој институт и во 2020 година предидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи, наведуваат социјалдемократите.

Медиумите објавија дека токму овој институт склучувал договори со државни институции во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, како Агенцијата за вработување, Министерството за здравство, стои во рекцијата на СДСМ.