Македонија

Кавадарчани со голем интерес за воените возила кои учествуваат на воената вежба „Брз одговор 23“

28.05.2023 17:03

Дел од вооружувањето, возилата на четири НАТО земји кои учествуваат на воената вежба „Брз одговор 23“ беше претставено пред кавадарчани. Вежбата го потврдува пријателството помеѓу САД и Македонија...

Дел од вооружувањето кое се користи на воената вежба „Брз одговор 23“ беше претставено пред кавадарчани. На градскиот плоштад врвулица од народ, кои сакаа да видат со какво вооружување располага македонската армија, но и армиите од земјите НАТО-учесници на вежбата, Албанија, Црна Гора, САД и Косово, како земја партнер. Вежбата се одржува на полигонот Криволак од 22-ри мај до 2-ри јуни.

Амбасадорката на САД во земјава, Агелер кажа дека партнерството помеѓу САД и Македонија се покажува со тоа што припадниците на копнените сили на САД за Европа и Африка како и припадниците на Националната гарда на Минесота, вежбаат рамо до рамо со припадниците на македонската армија.

Меѓу изложените возила беше и роботизираното т.н. PROJECT ORIGIN, кое е во пробна употреба и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии на Армијата на САД.

Кај присутните различни видувања, постарите се потсетуваа на војничките денови, помладите се воодушевуваа и фотографираа со возилата по нова технологија.

Петар Печков