Трибина на СДСМ во Битола
Време е да го заокружиме процесот за продолжување на европскиот пат, имаме силна поддршка од стратешките партнери, порача заменик-претседателката на СДСМ Лукаревска на партиската трибина во Битола. Повика на одговорност од сите политички чинители, вели ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали е за ЕУ или за Левица. Кога ќе го споредуваме тоа што го направиле нашите политички опоненти резултатите се неспоредливи во наша корист, посочија панелистите…

Пред нашата земја е историска шанса за продолжување на европскиот пат. Имаме силна поддршка од нашите стратешки партнери кои секојдневно нè поддржуваат и ни укажуваат дека ова ни е единствената шанса и не смееме да ја пропуштиме. Сега е време да го заокружиме процесот, да ги спроведеме реформите и да продолжиме напред. Време е за глас за Европа во нашето Собрание. Одговорност на сите политички партии е да ја поддржат европската иднина. Меѓутоа, Мицковски и неговата партија мора да одлучат-порача Лукаревска.
Со усвојувањето на законските измени се отвора и патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, најголемиот стратешки инфраструктурен проект во нашата земја.
Со позитивна критика и од градежниот сектор на Стопанската комора, за како што рекоа реализацијата на овој стратешки проект во кој е предвидено да се вклучат домашни компании и овозможува нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на бруто домашниот производ.
Стевче Митревски
